Dance Team „Fusion“ од Куманово со низа први места на Интернационален натпревар

Сподели со своите пријатели

Студиото за современ танц Dance Team „Fusion“ од Куманово изминатиот викенд освои низа први места на Интернационалниот натпревар во модерни танци.

Loading...

Во конкуренција со учесници од цела Европа, кумановскиот тим се натпреваруваше со три кореографии и освои три први места.

Добитници се и на две специјални награди и тоа за најдобра продукција и за најдобар тим на целиот напревар, за што ќе добијат и скромни парични средства.

Инаку на самиот натпревар брилираа во конкуренција од тимови од Македонија, Србија, Турција, Белгија, Романија, Косово, Албанија, Хрватска и уште многу други европски земји.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Ветер и облаци

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dance Team Fusion (@danceteamfusion)

Никола Ивановски