Дамјановски: За десетина дена ќе биде санирана улицата „Крушевска република“

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово Зоран Дамјановски одговори на денешните обвинувања од страна на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово и изјави дека санирањето на улицата „Крушевска република“ е веќе во програмата за работа и за десетина дена најави реализација на истиот проект.

Од понеделник ќе започнат и активностите за летно одржување на улиците. Околу 37 000 метри квадратни ќе бидат реконструирани од патната инфраструктура, а до мај месец ќе бидат поставени над 20.000 метри квадратни бекатон плочи во градот – изјави Дамјановски.

Градоначалникот најави дека ќе започнат и активности за потпорен ѕид во Гладно поле, а ќе бидат опфатени уште проекти како 26 километри канализациона мрежа.

Обвинувањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ ги окарактеризира како чисто политички препукувања.