Дамјановски: Свесен сум за проблемите на жителите од ул. Пелинска (видео)

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на општина Куманово кој денеска присуствуваше на свечената седница по повод одбележување на 70 години од постоењето на градската библиотека, одговори на обвинувањата кои на негова сметка претходно ги упатија претставниците на ОК на ВМРО-ДПМНЕ.

Loading...

Дамјановски вели дека е запознаен со проблемите, кои засега поради изведување на градежните работи на голем градежен објект на самата улица не е во можност да се реализира проектот кој бил зацртан во програмата на локалните избори.

Јас сум свесен дека таа улица има проблеми, но бидејќи во моментот таму се гради стамбен објект и постојат низа процедури кои се во подготовка и се надевам дека во првата половина од следната година ќе биде заокружен тој процес, а имаме и целосна документација за канализациона мрежа и решавање на патната инфраструктура и таа улица е во блискиот центар на град Куманово и ќе биде завршена – изјави Дамјановски.

Тој додаде дека Вакви обвинувања ќе има секојдневно затоа што централната власт сака да ги напаѓа сите сегменти од локалната власт, затоа што се фатени на дело на многу нивоа.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.