Дамјановски: Куманово во наредните месеци ќе биде големо градилиште (видео)

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски излезе со свој одговор откако денеска на прес конференција членовите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го обвинија дека не се грижи за безбедноста на пешаците на улицата Драга Стопаревиќ.

Дамјановски вели дека ова е позната тактика на ВМРО-ДПМНЕ во предвечерието на изборите да излегуваат со обвинувања кон локалната власт.

Очекувам во наредниот период да има постојани секојдневни настапи на општинскиот комитет на сметка на тоа дека локалната самоуправа не ги исполнува своите обврски, меѓутоа тоа е видено во изминатите десет години од владејачката партија на централно ниво и нивната кампања секогаш се состои во тоа што колку повеќе може преку своите медиумски мегафони да ги нападне нивните политички противници.

Градоначалникот вели дека Куманово е сега една неосвоива точка за ВМРО-ДПМНЕ и ваквите напади ќе продолжат и понатаму. Тој додава дека во Куманово согласно со финансиските можности во тек е реализација на повеќе проекти.

Во тек се многу проекти во град Куманово. Ќе отпочнам со асфалтирање на 7,5 километри ново асфалтирање на улици, поставување нов слој асфалт и тековно одржување на улиците. Тоа ќе биде 7,5 километри или поточно 38.000 квадратни метри површина, 10 илјади квадратни метри бекатонски тротоари и бекатонски површини. Од утре отпочнува изградба на тротоарната мрежа, тротоарната инфраструктура, од „Крсте Мисирков“, „Народна револуција“ тој дел во гаварит од 5.000 квадратни метри – потенцираше градоначалникот на Општина Куманово.

Тој додава дека е распишана постапка за за решавање на патната инфраструктура на во Гладно поље во големина од 5.000 квадратни метри, како и канализација на улицата „Перо Стојмановски“.

Дамјановски најави и дека овие денови ќе започне и реализација на проектот со Министерството за животна средина и просторно планирање преку ИПАРД програмата со што ќе се изградат 26 километри канализација вредна 4,2 милиони евра.

Распишан е и во заврша постапката е тендерот за канализациона мрежа во Речица. Во тек е постапката односно со некои измени во Советот околу тоа кога ќе биде завршено до април месец ќе биде завршена постапката на завршување на канализационата мрежа во Тромеѓа. Проектот за далечински водомери и дефектомери во редност од 1,7 евра која ќе биде распишана во февруари.

Еден од најважните проекти за младите ќе биде распишувањето тендерска постапка за изградба на отворениот градски базен, како и уредување на затворениот базен кои до мај месец треба да бидат пуштени во употреба.

Куманово во наредниот период ќе биде едно големо градилиште и мислам дека во наредните неколку месеци завршуваме со проектна документација за 6-7 инфраструктурни објекти кои исто така с еод витално значење за некои делови од градот, како што се населбите Карпош, Перо Чичо, Иго Тричковиќ. Значи ќе имаме седум проекти во тој дел на градот со што дефинитивно ќе го затвореиме овој циклус на развојната програма до летниот период.

Првиот човек на градот истакна дека во нареднот период допрва се очекуваат секојдневни настапи од Општинслкиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кон локалната самоуправа.