Дамјановски: Ќе го прифатам секој предлог за изградба на кружен тек (видео)

Сподели со своите пријатели

На денешните обвинувања изнесени од страна на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, своја со реакција излезе и градоначалникот на Општина Куманово, кој вели дека секоја инцијатива за изградба на кружен тек ќе ја прифати.

Како што рече Дамјановски во својот одговор, тој е свесен за сообраќајниот хаос кој на Куманово му се случува во изминатите десет години.

Локалната самоуправа се обидуваше во изминатите десет години да направи некакви решенија во таа насока. Ги отворивме двата булевари, „Октомвриска“ и „Трета Македонска“ за да на некој начин ја растеретиме контаминацијата на централниот дел. Се обидовме да направиме решение за зонско паркирање со цел да го рехабилитираме тоа тесно грло – вели Дамјановски за обвинувањата на хаосот во градскиот сообраќај.

Новиот генерален урбанистички план, кој според Дамјановски ќе започне со сообраќајната студија е во фаза на распишување и организирање на имплементација на таа студија.

Тие постојано го поставуваат тоа како проблем, бидејќи ВМРО мисли дека тие се креатори на кружните токови кои мислат дека со нивното доаѓање кружните токови се есецијалниот продукт што го нарпавиле во сообраќајниците. Тие се можни таму каде е прилагодено и можат да се изведат. Кружницата кај Митев мост, како актуелна секогаш ќе ја прифатиме, сме ја прифаќале како идеја, сме давале да се разработат идејни решенија за оваа работа и во првиот и во вториот наш обид да се направи идејно решение за оваа кружница не ни дадоа адекватни решенија.

Loading...

 

Според градоначалникот местоположбата би узурпирала голем рпиватен посед, но најави дека како човек демократ за интерес на граѓаните ќе ја прифати иницијативата на локалната опозиција.

Размислуваме за кружното решение и кај спортската сала, меѓутоа и тука кружницата зафаќа поголем дел од шеталиштето на кејот, така да ќе биде изазов пред граѓаните како да го прекинуваме тоа шеталиште што е најатрактивнит дел од градот – додава Дамјановски.

Тој рече дека локалната самоуправа секогаш е отворена за прифаќање на идеи од корист на граѓаните на Општина Куманово.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.