Дамјановски: Финансиските извештаи се отчетот пред граѓаните (видео)

Сподели со своите пријатели

По прес конференцијата одговор даде и градоначалникот Зоран Дамјановски, кој вели дека не прави скапи печатени отчети како градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, туку тоа може да се види преку финансиските извештаи и сработеното на терен.

Такви отчети како што ги правеше Груевски и нивните градоначалници кои правеа бели книги со листи, нивните реални бројки, цени, менија по ресторани, локалната не работи така. Имаме развојна програма која ја објавуваме, имаме отчет преку финансиски извештај на секое тромесечје, половина година, годишни извештаи каде се јасно дефинирани сите потрошени пари на граѓаните. Кога зборуваме за развојната програма, реконструкција и изградба на патна инфраструктура, з аизградба на канализациона мрежа, за изградба на спортски терени, за реконструкција на училишта, имаме изградба на водоводна мрежа Ѓорче Петров. Локалната самоуправа направи низа проекти, минатата, оваа година, мислам дека направивме голем помав во патната и канализацоната инфраструктура. Таксативно одговоривме на секоја конференција на печат, сега имавме една реакција од граѓаните, сакам да истакнам дека секаде каде ќе се појавиме имаме проблем од имотно правни односи, од узурпација, недовршена приватизација на земјиште, од недефинирани детални урбанистички планови кои ги дефинираат самата јавна прометна површина, особено во овие приградски населби, каде имаме во последните 30-40 години голема експанзија на градби без регуларно-планска документација и тука изградбата на патната инфраструктура е можна само на овој начин за изградба и реконструкција на постоечка инфраструктура. Ако одиме по регуларна планска документација наидуваме на проблем, како што имавме тука и истиот се надеваме дека во наредните години ќе го решиме – рече Дамјановски.

Loading...