Нема урбана мафија во Општина Куманово и Секторот за урбанизам работи согласно сите закони, рече денеска на прес конференција актуелниот градоначалник на Општина Куманово Зоран Дамјановски, кој до кандидатите кои се борат да го наследат неговото место им порача да се борат со свои идеи и проекти, а не со напаѓање на работата на локалната самоуправа.
Причина за ваквата реакција, како што посочи Дамјановски е постојаното напаѓање преку дебатните емисии во кои гостуваат кандидатите за градоначалник на Општина Куманово.
– За сите тие небулози инсинуации како што се спомнува во дебатите има инсититуции на систем бидејќи се споменуваат и некакви урбани мафии не знам какви се номенклатури се користат во дебатите би им препорачал на кандидатите за граодначалници ако сакаат да ги добијат гласовите и довербата на народот треба да излезат со проекти, конкретни датуми, начин на изведба и визија за градот. Она што го работеше урбанизмот во изминатиот период јас сум благодаредн бидејќи до сега само еден урбанистички проект заради недостиг на администрација е паднат на Уставен суд од 150 кои се донесени изминатите години. Во комуналните дејности извршуваме многу проекти како реализација на развојната програма, речното корито со УНДП е во втората половина во развојот на изградба. Ипа проектот ќе биде завршен до почетокот на ноември, реконструкција и тековни одржувања на патна инфраструктура од 50.000 квадратни метри е во тек, изградба на мост и училишта ние по развојна програма врз основа на распишани постапки буџетска поддршка го завршуваме овој развоен проект и мислам дека оваа година ќе биде добра во однос на изведба на комунална инфраструклтура. Препорачувам борете се со своите идеи, своите мисли и своите проекти мислчам дека народот само тоа ќе го цени, рече Дамјановски.
Loading...
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.