Дамјановски: Дефект на камионите на ЈП „Чистота и зеленило“ е причина за сметот во градот (видео)

Сподели со своите пријатели

По обвинувањата кои пристигнаа на смета на градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски од страна на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ дека Куманово тоне во смет, пристигна и неговата реакција, но и рекацијата на директорот на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“, Сашо Петрушевски.

Според нив причина за натолежниот смет е што шест од единаесет камиони за собирање отпад се надвор од употреба поради дефект.

Овој објективен проблем со кој се справуваме, се изнесуваат контејнерите, но работата е отежната. Работиме во три смени, а се работи на собирање дневно на 10.000 тони смет – рече Петрушевски, додавајќи дека се работи на решавање на проблематичната состојба.

Loading...

 

Петрушевски истакна дека по отстранувањето на дефектите, ќе се работи согласно динамичниот план за изнесување на смет, по оној термин по кој граѓаните се навикнати. Тој ги отфрли како невистинити обвинувањата на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ дека доцнат месечните примања на вработените во ова претпријатие, нагласувајќи дека не се доцни ниту ден со исплата на платите.

Според Дамјановски пак, кој беше обвинет дека не ги реализирал ветените проекти за „зелено“ Куманово, вели дека се реализирани повеќе акции за расчистување на градот и упати апел локалната опозиција заедно да работи на подигање на еколошката свест на кумановци за да не никнуваат диви депонии.

Локалната самоуправа направи напори и набави над 100 контејнери, нови петттонски корпи, наскоро ќе пристигне ново возило со поддршка на странски донатори, во тек е набавка на возило за оддржување на депонијата за цврст отпад, за неколку месеци ќе имаме две возила за изнесување на смет со кој ќе се ублажи оваа ситуација. Во наредниот период ќе поддржиме иницијатива за обновување на возниот парк на претпријатието – рече Дамјановски.

 

Во Куманово има околу 18.000 семејства и околу 1.000 правни субјекти кои ги користата услугите на Јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.