Дамјан Радевски со бронза од Државното првенство во кик бокс (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кумановецот Дамјан Радевски се закити со бронзен медал на Државното првенство во Кик бокс кое викендов се одржа во Скопје.

Loading...

Како претставник на Кик бокс клубот Куманово, Радевски се натпреваруваше во сениорска конкуренција во категорија -94 килограми кик-лајт.

Во елиминационите борби настапија и Александар Стоилковиќ и Јован Димовски.

– Со оглед на силната конкуренција и бројноста на натпреварувачите и овој резултат го сметам за успех. Би сакал да ја искористам можноста да се заблагодарам на градоначалникот и Општинскиот сојуз на спортови на град Куманово кои помогнаа да го реализираме оваа учество на турнирот, изјави Сашо Илиевски, тренер на КБК Куманово.

Leave a Reply