Дамаск: Турција го окупираше Африн, ќе одговориме

Сподели со своите пријатели

Турската воена операција на северот на Сирија е очигледна агресија, навела сириската Влада, најавувајќи дека ќе се позанимава со тоа на соодветен начин.

Сириската Влада ја турската офанзива во реигонот Африн ја нарече „незаконска агресија“ и најави дека со тоа „ќе се позанимава на соодветен начин“, пренесува Ројтерс.

– Турската воена операција на северот на Сирија е очигледна агресија, наведено е во соопштнието проследено до сириските државни медиуми.

Во соопштението оенето е дека „неовластеното присуство на стрнски сили претставува окупација и со тоа властите ќе се позанимаваат на оваа основа“.

Ројтерс потсетува дека Турција минатиот месец започна воздушна и копнена офанзива насочена против курдските борци кои го контролираат северозападниот сириски регион Африн, на границата со Турција.

Агенцијата наведува дека со тоа е отворена нова војна во Сисија во која има повеќе завојувани страни.