Дамаск: Сириските владини сили во следните часови влегуваат во Африн

Сподели со своите пријатели

Сириската државна телевизија денеска јави дека сириските владини сили во нардните неколку часа ќе почнат да навлегуваат во регионот Африн кво северозападна Сирија, кој е под контрола на сириските Курди.

Телевизијата не соопшти дополнителни детали за распоредување на воените единици. познати како „народни сили“.

Како што претходно јави МИА, советникот во администрацијата на зоните под контрола на Курдите во северна Сирија, Бадран Џија Курд утрово соопшти дека  властите во Дамаск и силите на сириските Курди постигнаа договор Армијата на Сирија да влезе во областа Африн за да помогне во спротивставување на турската офанзива.

Договорот е показател за се посложената ситуација во северна Сирија, каде курдските сили, сириската Влада, бунтовничките групи, Турција, САД и Русија се вплетени во мрежа од непријателства и сојузништва, комeнтираат аналитичарите.

Турција од 20 јануари започна воздушна и копнена офанзива во сириската област Африн, која е под контрола на курдски борци.

Анкара ги смета Силите за заштита на народот на сириските Курди за огранок на Курдската работничка партија (ПКК) во Сирија. ПКК, која се бори за автономија на Курдите на турска територија, се наоѓа на листата на терористички организации на Турција, ЕУ и САД.

Силите за заштита на народот, од друга страна, беа едни од главните сојузници на САД во борбата против џихадистичката група Исламска држава (ИД), па турската офанзива предизвика тензии во односите меѓу Анкара и Вашингтон.

Со најновиот развој на настаните во Сирија, Турција би можела да биде приморана да ги повлече своите сили и да ја заврши офанзивата во Африн. Влегувањето на владините сили во Африн би ги доближило сириските сили до границата со Турција. /МИА

Leave a Reply