ДАЛИ ЗНАЕВТЕ? Зелените очи се многу ретки и кријат еден здравствен ризик

Сподели со своите пријатели

Само два проценти од светската популација има зелени очи, повеќе од нив жени отколку мажи, а повеќето живеат во Европа.

Loading...

Луѓето со зелени очи се посебни по многу нешта, а тоа го потврдија и експертите. Тие веруваат дека луѓето со оваа боја на очите се многу ранливи, верни во пријателство и љубов, искрени и секогаш го исполнуваат ветувањето.

Тие се харизматични и изгледаат помлади. Зелената боја на очите се менува во зависност од расположението, времето, но и облеката што ја носат таквите луѓе.

Племе од Индонезија стана хит поради бојата на очите (ФОТО+ВИДЕО)

Во една анкета, повеќе од 20 проценти од испитаниците изјавиле дека луѓето со зелени очи се најатрактивни, 16,9 проценти претпочитаат оние со светло сини очи, 16 проценти со кафеави очи, а 15,2 проценти гласале за темно сина боја.

Само два проценти од светската популација има зелени очи, од кои повеќе жени отколку мажи, а повеќето живеат во Европа. Овие луѓе можеби се најатрактивни и најубави, но носат и одреден ризик по здравјето.

Сините и зелените очи содржат помалку пигмент кој штити од ултравиолетова светлина, така што таквите луѓе имаат поголем ризик од развој на меланом.