Иако Холанѓаните денес главно се декларираат како атеисти, калвинизмот некогаш радикално го сменил начинот на размислување, поради што сè уште немаат завеси на прозорците.
Калвинизмот е насока на протестантизмот што ги постави темелите на холандското општество – дисциплина, трудољубивост и штедливост. И додека католиците веруваат во покајување, калвинистите веруваа дека нашата судбина е предодредена од Бог.
Холандија стана првата држава без кучиња скитници, а еве како го реши проблемот
Верникот ја докажува својата вера со самоконтрола и економска активност. Секој материјален луксуз е во спротивност со скромноста на калвинистите.
Историски гледано, свештенството на врвот уживало во придобивките од финансиската добивка, но секогаш зад затворени врати, и уште поважно, повлечени завеси.
Спротивно на тоа, калвинистичкиот менталитет се фокусирал на политиката на отворени врати, бидејќи никој нема што да крие, и соодветно на тоа – прозорците се отворени.
Денес, зградите во Амстердам се густо збиени, а прозорските стакла се поголеми отколку во повеќето европски градови.
Село во Холандија во кое нема улици, го нарекуваат „Венеција на северот“ (ФОТО)
Девојка од странство која дошла да живее во Холандија, пишува дека и било непријатно што цело време се чувствувала како воајер и открива дека повремено мавтала на луѓето во становите, но тие не реагирале.
Потоа, на првото жешко лето, таа намерно продефилирала околу нејзиниот стан, исто така без завеси, во бикини, како и уште некои „сомнителни активности“.
Никој од улицата еднаш не погледнал кон нејзиниот прозорец или ако погледнал немало апсолутно никаква реакција.
Помладите генерации полека го фрлаат овој обичај во заборав.
Парк во Холандија како од бајките, во него има 800 видови лалиња (ФОТО)
Си-Ен-Ен пишува дека откако имигрантите започнаа да пристигнуваат во Холандија, младите Холанѓани сепак сакаа поголема приватност (да, истите млади луѓе кои често споделуваат интимност на социјалните мрежи), па сега на нивните прозорци може да се забележат се повеќе и повеќе завеси.