Дали Украинците ги пробија руските „змејски заби“?

Сподели со своите пријатели

Украинските генерали велат дека ја „пробиле“ првата руска одбранбена линија на југ.

Loading...

Утринава Би-Би-Си објави интересна оценка за тоа колку украинските сили навистина напреднале и какви знаци има за дополнителни пробиви долж борбената линија.

Украина ја започна својата голема контраофанзива на почетокот на јуни за да ги потисне руските сили од териториите што ги окупираа од почетокот на инвазијата кон крајот на февруари минатата година.

Украинските сили нападнаа три точки долж линијата на фронтот долга 965 километри.

Областа југоисточно од градот Запорожје е убедливо најстратешки важна.

Ако нападот во оваа насока кон Азовското Море успее, може да ги прекине руските логистички линии што го поврзуваат рускиот град Ростов на Дон со Крим, украинскиот полуостров кој Русите го анектираа во 2014 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Проруски сепаратистички регион: Демонстранти насилно го окупираа парламентот, најавија рушење на владата

Немаше голем напредок на тој дел од бојното поле – со еден забележителен исклучок – околу селата Роботин и Вербова во регионот Запорожје.

Имено, доколку Украина успее да ја пресече оваа главна логистичка рута за руските сили, тогаш ќе биде речиси невозможно Русија да ги задржи своите огромни сили на Крим, пренесува Индекс.

Loading...

И покрај значителните пречки, според Би-би-си, Украинците успеале да ги пробијат руските одбранбени структури долж јужниот фронт.

Таа информација сега е потврдена од повеќе извори.

Би-Би-Си прегледа серија видеа објавени на социјалните мрежи на кои се прикажани сцени долж линијата на фронтот кај Вербова.

На неколку видеа се гледа како украинските сили ја пробиваат руската одбрана северно од селото Вербова.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Проруски сепаратистички регион: Демонстранти насилно го окупираа парламентот, најавија рушење на владата

Сепак, овие упади не покажуваат дека Украина успеала да ја преземе контролата врз таа област.

Имено, до сега само украинската пешадија ја пробиваше руската одбрана, но не и колоните оклопни возила кои минуваат низ пробиените одбранбени точки, ја искористуваат ситуацијата и успешно ја одржуваат контролата над освоениот простор.

Руската армија, се разбира, одамна го предвидела украинскиот контранапад и со месеци изградувала застрашувачки одбранбени структури, составени од низа испреплетени пречки – противтенковски ровови, т.н. змејски заби, бункери и огромни мински полиња.

Секој од тие елементи на одбранбената линија е покриен со артилерија.

Loading...

Огромните мински полиња го забавуваат напредокот на Украина.

Колку се густи минските полиња, најдобро говори податокот дека на некои места биле поставени и до пет мини на метар квадратен.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Проруски сепаратистички регион: Демонстранти насилно го окупираа парламентот, најавија рушење на владата

 

 


Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.