Дали сте се прашале што значи бојата на крајот од пастата за заби? (фото)

Сподели со своите пријатели

Веројатно никогаш при купување на паста за заби не обрнувате внимание на оној мал квадрат во долниот дел од амбалажата.

За тоа мало квадратче многумина тврдат дека открива дали во мастата се наоѓаат само природни состојки и/или хемикалии.

Црн код – само хемикалии

Црвен код – природни материи + хемикалии

Син код – природни материи + лекови

Зелен код – целосно природни состојки

Сепак ова не е вистина затоа што квадратчињата се дел од производствениот процес и означуваат место каде производот ќе биде режен или свиткуват, а се очитува со светлосни сензори.

За да знаете што се наоѓа во него морате да ја простудирате декларацијата која би требало да ги има наведено сите состојки.