Дали Русите кријат тешко вооружување во Запорожје?

Сподели со своите пријатели

Русите со денови предупредуваат дека континуираното гранатирање на нуклеарната централа Запорожје може да доведе до нуклеарна катастрофа, но не дозволуваат инспекцијата на МААЕ да дојде на проверка.

Loading...

Ги демантираат и физичарите кои предупредуваат дека единствената опасност за нуклеарната централа се самите Руси.

На социјалните мрежи се појави ново видео на кое се гледаат руски воени возила во просторијата со турбините на нуклеарната централа, а CNN ја потврди нејзината автентичност.

Возилата се наоѓаат во просторијата на една од шесте турбини на западната страна на електраната, во Енергодар.

Секоја турбина е поврзана со големи згради во кои се сместени нуклеарни реактори.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  13 лица загинаа во руски напад на Запорожје

Станува збор за стандардни руски воени камиони кои се наоѓаат на приземјето, на само 130 метри од реакторот.

Новинарите изброиле најмалку пет возила на кои јасно е напишана буквата „З“ и уште две структури кои личат на шатори.

До возилото има палети со сѐ уште непозната содржина. Видеото ја демантираше официјална Москва, која претходно изјави дека единственото оружје во нуклеарната централа е она што е поврзано со обезбедувањето, односно со руските војници кои чуваат стража таму.

Loading...

Руското Министерство за одбрана тврди дека сателитски снимки „покажуваат дека тешко оружје не е поставено во областа на електраната“.

Украина, пак, тврди дека руската армија ќе ја исклучи Запорожје

– Добивме информации дека руските сили во блиска иднина ќе ја затворат електраната и ќе ја исклучат од останатиот дел од електричната мрежа во Украина. Руската војска моментално бара добавувачи на дизел за напојување на генератори за ладење на нуклеарно гориво кои се вклучуваат кога нуклеарната централа е исклучена, пренесува украинската агенција Енергоатом.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп Џуниор: Пожарникарската служба на Лос Анџелес донираше куп од своите залихи на Украина!

Тие овој план го нарекуваат провокација од Русија, додека Русите го вперуваат прстот кон Украинците.

Киев тврди дека руските сили складираат тешко оружје во комплексот и ја користат нуклеарната централа како еден вид заштита при напад, знаејќи дека Украина не може да возврати без ризик да погоди еден од реакторите.

Москва, пак, вели дека украинските војници ја гаѓаат нуклеарната централа.

Претседателот на украинската државна нуклеарна агенција Енергоатом, Петро Котин, во понеделникот изјави дека Русија има „14 единици тешка воена опрема“ во едниот дел од централата, а шест возила во другиот.

Нападите на комплексот предизвикаа загриженост за можноста од нуклеарна катастрофа, поради што ОН побараа инспекција да го посети објектот, но Русите одбиваат да го дозволат тоа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина и Словачка на работ на конфликт за гасот, Фицо му се заканува на Киев со мерки

И покрај нивните најави за катастрофа, експертите предупредуваат дека нема потреба од паника.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.