Дали роботите ќе ги заменат музичарите во иднина? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Група експерти креирала механичка рака која може да изведува различни композиции на клавир со помош на комплексни движења. Иако се уште не ги осуовршила парчињата кои ги компонирале Шопен или Де Биси, причлично добро се снаоѓа кога се во прашање новогодишните мелодии.

Loading...

Имено, експертите веќе со децении се занимаваат со контруирање на роботи кои се замислени како добри пијанисти, а новата роботска рака претставува голем чекор напред затоа што докажа способност за движња кои досега биле резервирани само за луѓето.

Наместо да се ослонува на скап мотор, како што тоа бил случајот со претходниот механизиран изведувач, нвоата музичка рака функционира так ашто секој прест не е поврзан со соодветниот мотор. Моторите го контролираат само зглобот, додека останатиот дел од дланката тие движењаги следи со помош на дизајн кој е инспириран со анатомијата на човечкото тело.

Така нвоата рака се одвојува од традиционалните начини на конструкција на роботите и претставува уште еден чекор кон машините кои ќе бидат се пософистицирани со текот на развојот и ќе обавуваат различни дејности. Научниците се водат со идејата дека човечката интелигенција не навлегува само во мозокот, туку и целото тело, така да се манифестира низ ралзични комплексни активности кои се можни благодарение на интелигентниот биолошки дизајн.

По конструкцијата, експертите раката ја отпечатиле со 3Д принтер, комбинирајќи тврда пластика и нешто помеки гумени делови, така да креира лигаменти и зглобови кои имаат различен степен на еластичност. Дланката потоа е монтирана на роботска рака која обично се користи за контролирање на производи на индустриски ленти.

Потоа се преминало на обука за пијанисти и движењата се разложени во три групи: удари со еден прст, брзо повлекување на прстите и преминување по копчињата. Во обуката и натмау се користат три различни композиции, а секоја од нив бара поинаков сет на движења што на креаторите им овозможило да ги воочат грешките, и да и исправат во рекорден рок.

Во споредба со други музички роботи, новиот механички пијанист покажал поголема способност за контролирање на јачината на звукот и поголема флексибилност кога е во прашање поместување на прстите, па наскоро би требало да добие сензори, мотори и други компоненти кои ќе се однесуваат како тетиви, што би требало да овозможи уште поширок спектар на движња.

Како резултат на тоа се очекува роботот кој композициите би ги изведвувал поекспресивно, наместо само да се фокусира на ригидната прецизност, што значи нотите и робтите би можеле да станат повеќе од упатство, т.е. начин да се доближат до човечко создавање на уметноста.

Loading...

Leave a Reply