Келнер кој смирено и љубезни им кажува на гостите кои гласно се жалат на услугата, пријател кој ве повикува кога ви е најпотребен. Сочувствителни, но прибрани спасувачи кои им помагаат на жртвите. Партнер кој ретко се лути, лесно простува и презема одговорност за своите акции.
Што се овие луѓе имаат заедничко? Во два збора – емоционална интелигенција.
Релативно нов термин во општеството и психологијата, емоционална интелигенција или EQ постоела од почетокот на времето. Таа се дефинира како способност за идентификување и препознавање на емоциите кај себе, но и кај други луѓе.
Loading...
Луѓето со висока емоционална интелигенција, било во општеството или на работа, блескаат. Студиите покажуваат дека имаат помалку проблеми со менталното здравје, вклучувајќи и депресија и анксиозност.
Прашање кое може да го поставите е: Што лицата со голема емоционална интелигенција не прават? Еве ја таа листа:
Не се мешаат во туѓи работи
Едно од обележјата на емоционалната интелигенција е емпатијата, а оние со високо ниво на емоционална интелигенција ја делат со сите. Но, постои голема разлика помеѓу искажување емпатии кон пријател или сакана личност и дозволување нечиј гнев или нерасположение да влијаат врз нечиј живот. Емоционално интелигентните луѓе внимателно слушаат, нудат совети и помош, но не дозволуваат да чувствуваат дека другите управуваат со нив.
Не се жалат
Кукањето и постојаното жалење укажуваат на две работи – една, дека сите сме жртви и втора, дека нема решение за нашите проблеми. Емоционално интелигентна личност ретко се чуствува немоќно и како жртва, знае дека секогаш имаме моќ и дека решението е тука. Наместо да бара виновник, тие веднаш тргнуваат во рашавање на проблемите (било директно решавање на проблемите, менување на околностите или во неможност на овие две работи – со прифаќање на нови ситуации и продолжување на животот.
Не зборуваат често „да“ на друтите и самите на себе
Како и емпатијата, самоконтролата е сигурен знак на емоционално стабилните луѓе. Емоционално интелигентните луѓе се свесни дека втората чаша вино може да ги доведе до незгодни работи. Тие кога еднаш ќе донесат одлука, остануваа при неа. Многу емоционално интелигентни луѓе го вежбаат своето право да кажат не и уште почесто се ослонуваат на силата на волјата.
Loading...
Не оговараат
Емоционално интелигените луѓе одлучно избегнуваат драма. Тие знаат дека е грдо да се зборуваат негативни работи за други и дека секој може да направи грешка. Ваквите луѓе сфаќаат дека грешките се можност да ги поправиме работите кои не ни одат од раце.
Не се ослонуваат на другите
Емоционално интелигените луѓе не зависат од никој во сите животни полиња. Тие имаат научено дека ослонувањето на некој може да ги направи посреќни или повредни за опасноста, затоа што често може да се разочараат. Тие попрво ќе ги земат работите во свои раце и ќе најдат хоби кое ќе ги воодушеви и направи среќни, самите ќе побараат работи кои ќе ги доведат до успех.
Луѓето со оваа карактеристика поседуваат највисока форма на интелигенција
Не се навраќаат на минатото
Луѓето кои повеќе живеат во минатото отколку во сегашноста се подложни на ментални тегоби. За разлика од нив, емоционално интелигентните луѓе го почитуваат своето минато, луѓето кои ги сакаат, грешките кои ги прават, но нивниот ум е насочен на „тука и сега“.