Newsweek објави видео од уништување на руско оружје за кое тие тврдат дека би можело да биде термобаричен ракетен систем.
Видеото од уништувањето го сподели и Некста, а се тврди дека оружјето е уништено некаде на истокот на Украина, во провинцијата Донбас.
Забрането оружје
Веќе се зборуваше за Русите и термобарското оружје. Оксана Маркарова, украинската амбасадорка во САД, рече дека Русите го користеле тоа оружје во инвазијата на Украина.
Неколку западни земји потврдија дека имаат прилично силни докази дека Русите го користеле оружјето, кое е забрането со Женевската конвенција поради неговата бруталност и она што им го прави на жртвите.
Што се термобарични ракети?
Првото полнење на ракетите го отвора резервоарот за гориво и го распрснува како облак што може да влезе во бункери, згради или тунели.
Второто полнење го активира тој облак и се создава огромна огнена топка.
Детонацијата цица кислород од воздухот и експлозијата трае подолго од обичните бомби.
Т.н вакуумската бомба може да ги испари луѓето и да уништи цели градски области.
Според експерт за Newsweek, оружјето може да биде готово за 90 секунди со најкраток дострел од 600 метри и најдолг дострел од над 6 километри.
Ова оружје е практично невозможно да се користи во населено место без исклучително висок ризик од цивилни жртви.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.