Откриено е кои апликации за запознавање биле најпопуларни во светот во февруари 2024 година.
Loading...
Популарноста беше мерена според бројот на преземања на апликациите.
Убедливо најпопуларната апликација во светот во февруари е Tinder. Ја преземале 4,4 милиони луѓе.
Тиндер беше лансиран во 2012 година и се прошири на глобално ниво. Достапен е во 190 земји во светот и на 56 јазици.
Некои податоци од 2021 година покажуваат дека околу 75 милиони луѓе ја користеле апликацијата секој месец.
Следи Bumble со 3,21 милиони преземања. Списокот ги вклучува и Litmatch, Badoo, SweetMeet, Hinge, FRND и Boo.