Кендал Гилдинг несвесно започна уште една „револуција“ на социјалните мрежи за феноменот на оптички илузии кога станува збор за боите.
Имено, водителката избра класичен еднобоен фустан за една емисија, но немала идеја дека само еден опис на нејзиниот фустан ќе предизвика лавина коментари од збунетите следбеници. И тука, приказната се повторува – и оптичките илузии повторно го поделија светот.
– Среда во бело – напиша водителката во описот на фотографијата што ја објави на Инстаграм, по што следеа коментарите.
View this post on Instagram
– Секако е сино, но е прекрасно – беше еден во низата од оние кои тврдеа дека фустанот е син.
Сепак, водителотката објасни дека под осветлувањето на студиото, фустанот може да има синкав сјај, но тој всушност е бел.
Споредувајќи со некои оптички илузии, како фустанот кој некои го сметаат за бело-златен, а други како сино-црн, немаме друг избор освен да продолжиме да се прашуваме кој и кога ќе ја реши дилемата, зошто имаме различни сфаќања за бојата и од што тоа зависи.
Никогаш нема да ја заборавиме оваа дилема на облекување и без оглед колку се расправаше околу прашањето за оваа креација, нејзините креатори и дизајнери открија дека е сино-црна (без оглед како некој ја видел).
Друг феномен што предизвика полемики на социјалните мрежи се розово-белите, односно зелено-сивите патики.
И во овој случај, дилемата е решена, па оние што тврдеа дека патиките биле зелено-сиви, ќе мора да се помират со вистината дека не биле во право.