Дали енергетските пијалаци се навистина лоши за нашето здравје?

Сподели со своите пријатели

Во последните дваесет години, енергетските пијалаци стануваат сè попопуларни и главно се користат за одржување на будност и враќање на енергијата. Но, овие пијалаци се поврзани со информации за срцеви и невролошки проблеми, како и лошо ментално здравје.

Loading...

Што се всушност енергетските пијалоци и дали се навистина толку штетни?

„Енергетските пијалаци се производи што се продаваат на пазарот за да се зголеми енергијата и да се бори против заморот“, вели Меган Вроу, диететичар од Калифорнија.

„Секој пијалак што содржи стимулативни соединенија може да се смета за енергетски пијалок“, додава д-р Лери Нолан од Медицинскиот центар на универзитетот Охајо Векснер.

 

 

Постојат различни енергетски пијалаци на пазарот. Повеќето се комбинации на газирана вода, шеќер или други засладувачи, вклучувајќи глукоза, кофеин, витамини од групата Б, дополнителни бои и ароми и додатоци поврзани со енергијата, како што се гуарана, таурин или карнитин, пренесува H1.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најголемата змија на светот пронајдена мртва, глетката ги скрши научниците

Заедно, овие состојки прават дневен засилувач на енергијата за луѓето кои не спијат доволно или едноставно им е потребна дополнителна енергија. Но, децата и адолесцентите се почувствителни на влијанието на некои стимулативни соединенија што се наоѓаат во ваквите пијалаци, па затоа треба да се избегнуваат.

Loading...

Вру вели дека според нејзиното мислење, енергетските пијалаци не се безбедни, но додава:

„Се разбира, ако некој посегне по таков пијалак во посебна пригода, тој индивидуален чин веројатно нема да предизвика многу штета, но со време и честа косумација, има многу потенцијални компликации.

Една од главните критики за производство на енергетски пијалоци е дека американската Администрација за храна и лекови не регулирала сè добро.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Подгответе се за летно сметање на времето: Што треба да направите пред овој викенд?

„Компаниите со енергетски пијалаци можат да ги пласираат своите производи како додатоци во исхраната и да се откажат од одговорностите во исхраната, оставајќи ги потрошувачите да се прашуваат дали она што го гледаат е навистина она што го добиваат“, рече Рут Личфилд, вонреден професор на Одделот за наука за храна и сихрана од универзитетот во Ајова.

 

 

Експертите го наведуваат ова како најголем проблем затоа што компаниите со енергетски пијалаци не се обврзани да откриваат кофеин и други стимуланси што ги содржи еден производ, па луѓето всушност ги консумираат без никакво знаење за точните количини на стимуланси кои се наоѓаат во истиот производ.

Loading...

„Повеќето енергетски пијалаци содржат помеѓу 80 и 120 милиграми кофеин по порција, но многу луѓе пијат повеќе од еден на ден“, истакнува Вру.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО: Секое шесто дете е жртва на сајбер-малтретирање

„Некои луѓе се чувствителни на кофеин, но не го разбираат затоа што се навикнати на несакани ефекти. Ако се откажат од кофеин, тие би сфатиле дека всушност трошат премногу, а прекумерната потрошувачка може да доведе до висок крвен притисок, вознемиреност, раздразливост, гадење, дехидрираност и многу други проблеми“, објаснува таа.

Што треба да знаете ако ги мешате со алкохол?

 

 

Алкохолот е седатив, но во комбинација со кофеин или други стимуланси, можеби нема да се чувствувате опиени како што сте всушност.

Ова може да доведе до цела низа други проблеми, како што се поттикнување на интоксикација, возење во пијана состојба, несакана или незаштитена сексуална активност или несреќи и повреди поврзани со алкохол.

Затоа, алкохолот и енергетските пијалоци се комбинација што не се препорачува.

Loading...