Дали е ова решение? Неговиот автомобил бил трајно одземен поради честите сообраќајни прекршоци

Сподели со своите пријатели

Општинскиот суд во Бјеловар на повеќекратен прекршител, кој постојано возел пијан и без возачка дозвола, трајно одзел автомобил БМВ и го дал на употреба на хрватската полиција.

Loading...

Автомобилот е трајно одземен од повеќекратен прекршител на сообраќајните прописи во Хрватска.

Општинскиот суд во Бјеловар на градски возач трајно му одзеде приватен автомобил БМВ и го предаде на употреба во МВР.

Казнетиот возач во последните неколку години повеќе пати е казнет поради возење во пијана состојба, но и имал забрана за возење.

Последниот прекршок го сторил на 03.10.2021 година во Бјеловар, кога во сообраќајна контрола бил затекнат како го управува наведеното возило додека му била одземена возачката дозвола поради собирање на 12 негативни бода. Дополнително, утврдено е дека дрскиот возач бил пијан и имал 1,91 промили алкохол во крвта.

Но, наведеното возило не било регистрирано и осигурано.

За претходни прекршоци добил парична казна од 17.500 куни (околу 2.326 евра) и уште една заштитна мерка забрана за возење во траење од две години.

Тој во последните две години добил глоба од 5.000 до 31.000 куни (665 до 4.120 евра) за возење под дејство на алкохол, со заштитни мерки забрана за управување на моторни возила од Б категорија од 6 месеци до една година.

Loading...

Бидејќи таквите казни не влијаеле на обвинетиот да не го повтори прекршокот, автомобилот му бил трајно одземен како единствена законска можност да го спречи да стори најтешки сообраќајни прекршоци.