Дали е ова идно сценарио и замена за бензинските пумпи?

Сподели со своите пријатели

Ќе поминат многу, многу години, а можеби и децении, пред електричните автомобили целосно да ги заменат бензинот и дизелот на патиштата. Иако електрификацијата е во полн ек и интересот за електричните автомобили расте, производителите на електрични возила и инфраструктура се соочуваат со голем број предизвици кои нема да се решат преку ноќ.

Loading...

Еден од нив се однесува на батериите, односно нивното полнење. Проблемот не е само во бројот на бензински пумпи, туку и во брзината на полнење на батериите – со напредокот на технологијата, полнењето станува побрзо, но сепак е премногу бавно во споредба со полнењето гориво на бензинските пумпи. Компанијата Gogoro, барем кога се во прашање електромоторите, односно скутерите, стави крај на овој проблем на тајванскиот пазар со едноставно решение – станици за замена на батерии.

 

 

Корисниците на нивните скутери, односно скутерите на нивните партнери, наместо да се полнат, можат да ја заменат својата празна батерија со целосно наполнета на повеќе станици. Овој процес е брз и лесен и се што е потребно е да се биде корисник на нивниот претплатнички систем.

Она што е особено интересно во Тајван е дека бројот на вакви станици за замена на батерии наскоро ќе го надмине бројот на бензински пумпи. Според податоците објавени на Electrek, бројот на бензински пумпи е 2.478, додека на крајот на годината бројот на станици за замена на батерии надмина 2.200 – и ќе продолжи да расте со брзо темпо.

 

Loading...

 

Иако ваквото решение изгледа премногу комплицирано за денешните електрични автомобили, на пазарот веќе има автомобили каде што е можно да се замени батеријата. Едно такво е возило за две лица од Silence (кои потсетува на Smart автомобили) кое ќе учествува во пилот програма со станици за замена на батерии во Барселона. Батериите на таквите мали автомобили не се моќни (на пример, најмоќниот модел на Silence може да вози 90 km/h со автономија од околу 150 km), но за градско возење тоа е повеќе од доволно.

Овој концепт на замена на батерии изгледа исклучително интересен и е многу ефикасен и, барем за мотори и помали електрични автомобили каде батериите може лесно да се менуваат, може да биде одлична замена за станиците за полнење на струја и класичните бензински пумпи.