Претседателот на ДИК Александар Даштевски објави дека излезноста на претседателските избори била 42,32% со што е исполнет цензусот.
Loading...
Сепак, реалноста можеби е поинаква. Сајтот на Државната изборна комисија покажува други бројки, а тоа е излезност од 39,32 отсто.
За да има цензус над 40 отсто, што е услов за избор на претседател, треба да гласаат 725.727 лица, а тоа досега го сториле 707.565 граѓани.
Каква забуна направи Даштевски и зошто излезе со различна бројка засега не е познато.
Никола Ивановски