Дали белиот шеќер е навистина толку штетен?

Сподели со своите пријатели

Многу пати имаме слушнато дека белиот шеќер е лош за нашето здравје, но зошто е толку лош и колку тоа научно е докажано?

Loading...

За сега и конвенционалната и алтернативната медицина се сложуваат со тоа дека белиот шеќер е извор на празни калории, бидејќи не содржи минерали и витамини, но е богат со калории, го потикнува дебелеењето, предизвикува кариес, има висока гликемичка вредност односно нагло го подига нивото на шеќер во крвта.

Меѓутоа, алтернативната медицина оди понатаму и ја поврзува конзумацијта на белиот шеќер со многу други болести и здравствени проблеми. Се верува дека белиот шеќер екстремно го ослабнува имунолошкиот систем, предизвикува хиперактивност кај децата, го зголемува ризикот од заболување од рак, ги црпе Б витамините од телото, предизвикува зависност (се смета дека дури 95% од населението е зависно од благо, односно од шеќер), од телото црпе многу неопходни минерали како што се калциумот и магнезиумот, предизвикува шеќерна болсет која е една од најчестите смртни заболувања во светот и предизвикува срцеви заболувања.

Но, што вели науката за тврдењата на алтернативната медицина?

Научните истражувања не покажале дека белиот шеќер предизвикува болести кои се наведени погоре, ниту дека ги црпе витамините и минералите од телото.

Недостатокот на научните потврдувања за штетноста на шеќерот потикнала многу угледни организации да објават свои ставови по оваа прашање.

Тврдењата за тоа дека шеќерот може да предизвика хронични болести како рак, дијабетес, хиперактивност и сл. не се научно потврдени. Шеќерот може да биде дел од здрава диета – American Dietetic Association.

Многу други организации како што е ова изјавиле дека нема докази за тоа дека шеќерот е поврзан со било која болест освен со кариесот.

На вас е да изберете дали повеќе сакате да верувате на алтернативната или конвенционалната медицина, но дури и кариесот, празните калории и високиот гликемичен индекс се доволни закани да ја намалите употребата на белиот шеќер.

Loading...

Практични совети:

  1. Наместо газирани пијалоци и сокови напијте се вода
  2. Намалете ја конзумацијата на слатки
  3. Наместо две лажици шеќер во кафето или чајот додадете една
  4. Изверете еден ден во неделата да си допуштите конзумирање чоколадо, колачи и газирани пијалоци
  5. Останатите денови во неделата избегнувајте ги овие намирници.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.