Дала отказ и се омажила за водач на племе во џунгла (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Родена во центарот на Лондон, режисерката на документарни филмови Сара Бегум на 26-годишна возраст одлучила да ја напушти работата и да отпатува во џунглите на Еквадор за да сними филм за едно племе.

Loading...

 

 

Оваа нејзина авантура сепак завршила со тоа што се омажила за најстариот член на племето кој тогаш имал повеќе од 50 години – воинот Гинкто.

Сара, која зборува англиски и бенгалски, шпански, француски и арапски, и малку од амазонскиот дијалект, вели дека сака да воспоставува инстант врски со луѓето така што ќе се „потопува“ во нивната култура.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Морничави тајни на некогаш нејголемата ментална болница (ВИДЕО)

Ја напуштила работата, ги искористила сите заштеди, вработила кинематографер од Њујорк и инженер за звук од Портсмут. Направила мало истражување за ова племе во Амазон – и заминала таму.

Сара поминала два дена патувајќи од амазонскиот град Кока за да го запознае племето Хуаорани, каде жените ја научиле да ткае, а мажите воини ѝ покажале како да лови со копје. Таа го поминала она што мислела дека е церемонија на иницијација – да биде во брак со главниот воин Гинкто.

Loading...

Сепак, бракот бил симболичен и од неа не се очекувало да има никаква сексуална активност со племето.

Нејзиниот филм „Amazon Souls“ беше прикажан на Канскиот филмски фестивал.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зошто луѓето на на старите фотографии не се насмејани? (ВИДЕО)