Дабова шума и сува трева гореа во Старо Нагоричане

Сподели со своите пријатели

Кумановските пожарникари во текот на изминатото деноноќие бележат две интервенции, од кои едната на шумски пожар, а другата на запалена сува трева.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 11:00 до 17:00 часот во атарот на селото Татариновац во Општина Старо Нагоричане, избил пожар кој зафатил сува трева и дабова шума.

Во гаснењето на пожарот интервенирале шестмина пожарникари од Територијалната противпожарна единица Куманово, вработени во Шумско стопанство и општината.

Втората интервенција била на запалена сува трева во селото Четирце, каде интервенирале четворица пожарникари во период од 13:55 до 16:05 часот.

Leave a Reply