Да се избегнуваат посети на корисниците на Домот за стари лица во Куманово

Сподели со своите пријатели

Надлежните од кумановскиот Дом за стари лица „Зафир Сајто“, денеска апелираа до семејствата на нивните корисници да ги одбегнуваат посетите, како дел од мерките за спречување и ширење од коронавирусот. Оттаму информираат дека досега извршена е дезинфекција  на целиот простор и постојано се презмаат заштитини мерки за корисниците. Од домот ги повикаа семејствата на корисниците да се информираат на дежурниот телефон и по електронска пошта и на овој начин да придонесат за заштита на своето и здравјето на нивните блиски. Надлежните велат дека се следат сите насоки и препораки од Владата, ресорното министерство.

Loading...

Вработените се реорганизираат за да обезбедат што е можно подобри услови согласно состојбата.

-Како установа заедно со персоналот се реогранизиравме во насока да можеме да обезбедиме еден сигурен престој и доколку е можно да се заштитиме од појава на овој опасен вирус кој што знаеме дека токму старите лица се најзагрозена категорија и затоа мора да направиме се за да ги заштитиме и тие да бидат безбедни во нашата институција-додава Стојановски.

Хигиената е на прво место, преземени се  сите мерки, набавени се дополнителни количини  дезинфекциски средства.

– Наидуваме на некој начин на една нова состојба. Нашиот дом е од отворен тип, корисниците едноставно имаат навика да излегуваат, да си пазарат, да се дружат на градскиот плоштад, тоа на некој начин се смени за неколку дена, затоа персоналот е тука, постојано разговара им укажува на нашите корисници дека е од непроценливо значење за нив, а и за сите нас, и за нашето здравје, дека е потребно да се придржуваме кон препораките исто така и нивните семејства-нагласува Стојановски.

Во моментов во установата се згрижени околу 160-тина лица.

Leave a Reply