Да се исклучат автоматите за кафе во Куманово, бара општинскиот штаб

Сподели со своите пријатели

Денеска  во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со превземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

Loading...

-Препорака до стопанственици и дистрибутери на автомати за кафе на територија на Општина Куманово да се исклучат од употреба.

– Препорака до правните субјекти (маркети, аптеки и слично) кои и понатаму вршат опслужување на граѓаните во своите деловни простории да започнат со зачестена дезинфекција на внатрешните простории .

-Препорака до сопственици на банкомати на територија на Општина Куманово да вршат зачестена дезинфекција на истите.

– Повторно се бара од Министерство за здраство и Комисија за здраство да го засили човечкиот капацитет во ЦЈЗ Куманово со зголемување на бројот со епидемиолози и други стручни лица во интерес на непречено работење и спроведување на интензивни тестирања на територија на Општина Куманово.

– Општински штаб за заштита и спасување и понатаму стои на став дека е потребен целосен карантин на територија на Општина Куманово.

Leave a Reply