Цвет и книга за сите што денес ќе ја посетат градската библиотека

Сподели со своите пријатели

По 21-ви пат Библиотеката „Тане Георгиевски“ ќе го одбележи Светскиот ден на книгата и авторското право – 23-ти Април, а сите членови на библиотеката кои денеска ќе земат или вратат книга за читање на подарок ќе добијат цвет и книга.

Тоа е според стариот Каталонски обичај од каде потекнува идејата и традицијата за  одбележување на овој ден, што се совпаѓа со годишнината од смртта на книжевните великани – Сервантес и Шекспир.

За првпат во 1995 година УНЕСКО одлучи 23-ти април да им го посвети на книгите и авторите, поттикнувајќи ги сите, особено  младите, да уживаат во пишаниот збор и да покажат почит кон незаменливиот  придонес на оние што ги создаваат.  Се смета дека 23 Април е земен како повод бидејќи  на тој ден во 1616 година починале двајцата великани на светската книжевност – Мигуел де Сервантес  и Вилијам Шекспир.

За моќта и значењето на книгата, што се таа може да постигне, колку голем придонес има во напредувањето во секое  животно доба, а особено во младоста, за овој најмоќен медиум на сите времиња, пишува во светската и македонската порака што ги испраќаат Генералниот директор на УНЕСКО, Ирина Бокова и Љубиша Георгиевски.