Цвеќе од Димитриевски за дамите вработени во Општина Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска со цвеќе им го честиташе 8ми Март на жените вработени во локалната самоуправа.

Loading...

Како што вели Димитриевски, општинскиот женски тим претставува значајна нишка во институцијата, која успешно раководи и функционира, носејќи важни одлуки и решенија.

– По повод 8-ми Март, Денот на жената имав празнична средба со раководниот тим и тимот на мојот кабинет, составен од припаднички на понежниот пол во Општина Куманово, при што ги испочитував со симболичен подарок, напиша Димитриевски на социјалните мрежи.

На сите припаднички на понежниот пол, градоначалникот Димитриевски им упати честитки по повод Меѓународниот ден на жената.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тешко повредена кумановка откако во неа удрил голф

– На сите припаднички на понежниот пол им посакувам среќен и успешен ден, со желба за нови успеси на приватен и професионален план, сплотеност и заедништво, кои водат кон нови успешни денови. Почитувани дами, честит 8-ми Март, напиша Димитриевски.

Никола Ивановски