Curiosity роверот и чудните облаци на Марс (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Иако последните фотографии испратени од Кјуриосити до матичната планета потсетуваат на разгледници од Земјата, тоа е нешто далеку поегзотично: облаци од Марс.

Loading...

Конечната слика е создадена со комбинирање на 21 фотографија, направени за да ги разгледаме одблизу необичните облаци над областа на кратерот Гале.

Пред две години, научниците открија дека облаците се формираат на Марс порано од предвиденото, па затоа годинава на Кјуриосити му била дадена задача да ги „набљудува“.

Првите облаци се појавиле во јануари, набраздени и богати со мраз, понекогаш менувајќи ги боите поинаку од нивните роднини на Земјата, пишува PC Press.

 

https://youtu.be/s0uyHpM0n5w

 

Марсовите облаци на тој начин се смениле од црвени нијанси во зелена, потоа сина и розова. Овие облаци се наоѓаат во повисоките делови на атмосферата од оние забележани досега.

Loading...

Тие наводно содржат замрзнат јаглерод диоксид или таканаречен „сув мраз“, иако научниците сè уште не успеале да го потврдат тоа.

Тие се најубави веднаш по зајдисонцето, кога ледените кристали светат на последното светло.

 

Leave a Reply