Црвите се безбедни за јадење, тврди агенцијата за храна на ЕУ

Сподели со своите пријатели

Пофалениот медитерански начин на исхрана и францускиот „бон гу“ (bon gout- добар вкус) добија конкуренција, бидејќи Европската агенција за безбедност на храна објави дека црвите се безбедни за јадење.

Loading...

Агенцијата, со седиште во италијанскиот град Парма, објави дека е научно потврдено дека сувите жолти црви се безбедни за јадење – цели или во форма на прав.

Додадено е дека црвите се богати со протеини и можат да бидат состојка за други јадења.

Се наведува дека некои алергиски реакции можат да се појават во зависност од видот на храната што им се дава на бубачките, официјално познати како Tenebrio molitor ларви.

Но, генерално, се заклучува дека овој нов вид храна е безбеден во согласност со предложената употреба.

ООН објави нешто слично во 2013 година.

Агенцијата за храна и земјоделство на ООН изјави дека инсектите се јадат затоа што имаат малку маснотии, многу протеини и се добри за хранење луѓе, домашни миленици и животни и помагаат во хранењето на гладните.

Leave a Reply