Црвен крст во акција – промоција на хумани вредности

Сподели со своите пријатели

Во просториите на општинската организација на Црвен крст Куманово вчера се одржа првата од трите предвидени работилници за ученици од 14 – 17 годишна возраст на македонски наставен јазик, во рамките на новиот циклус ЦКА-ПХВ (Црвен крст во акција – промоција на хумани вредности).

Loading...

Учениците имаа можност да научат за општествено – социјални проблематики, работа на проекти за подобрување на општествените состојби, работа во тим од врсници – ентузијасти, пакет обуки за менаџмент со проект и општествени промени како и менторство од искусни волонтери, велат од Црвениот крст.

Првата од три предвидени работилници ја водеше ЦКА – ПХВ дисеминатор професор Југослав Спасиќ.

Leave a Reply