Црвен крст Куманово со 2. место од државниот натпревар по прва помош

Сподели со своите пријатели

Црвен крст на Република Македонија – општинска организација Куманово со своја екипа по Прва помош учествуваше на 27-от по ред државен натпревар по Прва помош кој се одржа на 22 септември во Кичево. Во исклучително силна конкуренција на 28 екипи од исто толку општински организации од Македонија, нашата екипа од Црвен крст Куманово го освои високото 2 место.

Овој резултат е најголемиот успех на општинската организација на Црвен крст Куманово на едно вакво големо натпреварување. Особено треба да се истакне амбициозниот и неуморнито дух на младите волонтери членови на тимот Сара Милковска, Виктор Атанасовски, Александра Начковиќ, Марта Стефановска, Давид Живковиќ и Дарко Андоновски, на чело со креаторот на тимот Филип Кузмановски воедно и парамедик кој успеа на најдобоар можен начин да им го пренесе сето свое знаење и искуство со една единствена цел, постигнување на ваков резултат и висок пласман, информираат од ОО на Црвен крст Куманово.

Loading...

Leave a Reply