Црвен Крст Куманово се вклучи во кампањата „Твоето незнаење чини живот“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Општинската организација на Црвен крст Куманово од вчера и официјално се вклучи во кампњата „Твоето незнаење чини живот“ која следува по направените анализи дека во голем број случаи граѓани, пред се возачи, не знаат правилно да укажат прва помош во случај на сообраќајна несреќа.

Loading...

– Кампањата ќе трае до 15 септември, а ќе се одржат бесплатни курсеви за возачите во 33 општински огранизации на Црвениот крст, меѓу кои и во Куманово и ќе бидат опфатени околу 8.000 возачи. Целта на кампањата е подигање на свеста за значењето од правилно укажување на првата помош со што би се спречиле поголеми здравствени последици, но и жртви од сообраќајни несреќи, додава од ОО Црсвен крст Куманово.

Од кумановскиот органок на организацијата ги повикуваат заинтересираните возачи за обуката, да се обратат во просториите на Црвен крст Куманово.

Leave a Reply