Црвен крст Куманово распиша отворен оглас за обука на негуватели

Сподели со своите пријатели

Врз основа на верификувана посебна програма за Негувател/ка за помош и нега на стари   лица и лица со попреченост, во рамките на проектот  Проект „Ублажување на ефектите и последиците од КОВИД-19 врз најранливите во општеството со посебен фокус на постарите луѓе“, поддржан од Австриското Министерство за труд и социјална политика и Австрискиот Црвен крст, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска  организација Куманово распишува конкурс за обука на Негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост

Loading...

Се повикуваат сите заинтересирани лица од територијата на Општина Куманово, кои сакаат да посетуваат обука и да се стекнат со сертификат државно признат,  да аплицираат до 02 ноември 2021 година

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

–              Да се државјани на Р.С Македонија;

–              Да имаат 18 години;

–              Да имаат општа психо-физичка способност за работа;

–              Да имаат минимум основно образование;

–              Да бидат мотивирани за работа со стари и немоќни лица, и лица со попреченост;

Loading...

–              Да бидат мотивирани по обуката да бидат вклучени како негуватели во сервисите за нега во домашни услови.

Напомена:  Обуката за негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост е  бесплатна.

Заинтересираните кандидати можат да се пријават на е-маил: [email protected]  тел. 031/424-179

Секој заинтересиран кандидат ќе биде повикан на индивидуално интервју.