Црвен крст Куманово подели 500 прехрамбени и хигиенски пакети на социјално ранливи семејства

Сподели со своите пријатели

Волонтерите од општинската организација на Црвен крст Куманово изминативе два месеци во соработка со општинскиот штаб за заштита и спасување поделија близу 500 прехранбени и хигиенски пакети на социјално ранливи семејства од општините Куманово, Старо Нагоричане и Липково.

Loading...

– Пакетите се поделени на најранливите на семејства, на оние кои се евидентирани во базата на Центарот за социјални работи како приматели на социјална парична помош по различни основи. Во оваа пандемија, пакети со храна и хигиена се делат на сите кои се загрозени во трите општини и во повисоките населени планински подрачја -изјави, секретарот на општинската организација на Црвениот Крст, Бојан Петрушевски.

Црвен крст Куманово ќе продолжи и во наредниот период со дистрибуција на хуманитарна помош за најранливите семејства. Ова се редовни активности со кои им се излегува во пресрет на најсиромашните, на семејствата со ученици кои ја почнаа учебната годин

Leave a Reply