Црвен Крст бележи 169 интервенции на Табановце при помош на мигранти

Сподели со своите пријатели

Како што информира МВР, од страна на Центрите за јавно здравје секојдневно се спроведува дезинфекција на просторот на железничките станици и околината каде се задржуваат мигрантите во Гевгелија  Куманово, Табановце, и тоа на површина од 2600м2/дневно,  како и дезинфекција на возовите кои сообраќаат на релација Гевгелија – Куманово/Табановце на површина од 2000м2 /дневно.

Loading...

Во однос на активностите на мобилните тимови на Црвен крст, за време на изминатиот викенд (сабота, 25.07 и недела- 26.7), мобилните екипи на Црвен крст, составени од вкупно 14 лица, пружија прва помош на вкупно 370 лица, од кои 169 интервенции беа реализирани на мигрантите кои пристигнале на железничката станица Табановце, а останатите 201 интервенции беа реализирани на желеничката станица во Гевгелија.

Екипите на Црвен крст, поради идентификуваната сериозна здравствена состојба, извршиле транспорт на 5 лица до гевгелиската општа болница. По укажаната медицинска асистенција, лицата во стабилна состојба ја напуштиле болницата.

За време на викендот, екипите на Црвен крст, лоцирани на железничките станици во Табановце и Гевгелија,  дистрибуирале вкупно:

• 483 шишиња вода
• 67 пакети со храна
• 64 хигиенски пакети за жени
• 48 хигиенски пакети за мажи
• 38 пакети за самопомош
• 53 пакети за бебе

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.