ЦРВЕН АЛАРМ: Потврден температурен рекорд на Арктикот

Сподели со своите пријатели

Светската метеоролошка организација (СМО) денеска потврди рекордна температура од 38 Целзиусови степени на Арктикот во рускиот град Верхојанск на 20 јуни 2020 година, а тоа е уште еден сигнал за аларм за климатските промени.

Loading...

„Овој нов рекорд на Арктикот е дел од набљудувањата на СМО за метеоролошките и климатските екстреми и е аларм за климатските промени“, рече генералниот секретар на ОН, Петри Таалас, додавајќи дека на Антарктикот во 2020 година е забележан рекорд од 18,3 степени Целзиусови.

 

 

Верхојанск се наоѓа на околу 115 километри северно од Арктичкиот круг и температурата во таа област се мери од 1885 година.

Овој регион на источен Сибир има многу сува континентална клима, што резултира со многу студени зими и многу топли лета.

 

Loading...

 

„Истражувањата покажуваат дека температурата во регионот расте, а тоа е важно за остатокот од светот од климатски аспект. Затоа е важно оваа температура постојано да се следи“, вели Рандал Северни.