05.05.2019 12:02

Цртеж на Нелсон Мандела продаден за рекордна цена (ФОТО)


Цртеж на починатиот претседател на Јужноафриакнската Република Нелсон Мандела на кој има врата од затворска ќелија од затворот на островот Робен, во Њујорк е продаден за рекордни 112.575 долари.

Цртежот „Затворски врати, остров Робен“, ја надмина и најголемата проценета продажна цена која изнесуваше од 60.000 до 90.000 долари.

loading...

Ова е едно од ретките дела кои Мандела ги сочувал до својата смрт во 2013 година.

Поранешниот јужноафрикански претседател дури 27 години минал во затвор, но бил личност која ја инспирала борбата против аперхајдот, па е добитник и на Нобелова награда за мир во 2002 година.

Тој нацртал меѓу 20 и 25 цртежи, истакнал директорот на Аукциската куќа за современа африканска уметност Жил Пепиата.

Мандела на островот Робен лежел затворска казна 18 години.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments