За време на „специјалната операција во Украина“, руската Црноморска флота доби превласт во Азовското Море и воспостави контрола над северозападниот дел на Црното Море, изјави командантот на Црноморската флота Игор Осипов.
Loading...
Во својата честитка по повод Денот на руската морнарица, Осипов изјави дека бродовите и авионите на флотата уништуваат „важни објекти на непријателот“ со удари со високопрецизно оружје со долг дострел.
На овој начин тие ги поддржуваат и офанзивните операции на копнените сили, пренесува Интерфакс.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.