Црната дупка ќе го носи името Повехи

Сподели со своите пријатели

Повехи, како што гласи насловот на традиционалната хавајска песна за создавањето, би можело да биде име на црната дупка, чија прва фотографија е објавена во среда во рамките на проектот во кој биле вклучени осум радио телескопи ширум светот.

Loading...

Името на тој космички објект го дал професор по јазици на Хавајскиот универзитет во Хилу, Лари Кимура, пренесува АП.

Повехи значи „украсена бескрајна мрачна творба“ или „украсен мрачен извор на бексрајно создавање“ и доаѓа од Кумулипа, хавајско наследство од 18 век. По е длабок мрачен извор на бескрајно зодавање, додека вехи е еден од описите на по испеан во песна.

– Голема е привилегијата првата научна потрага за црната дупка да добие хавајско име и тоа е многу значајно за мене и мојата хавајска линија која доаѓа од по, изјавил професорот Кимура.

Астрономите сметаат дека хавајското име е оправдано затоа што проектот вклучува два хавајски телескопи.

Leave a Reply