Црна Гора: Заштитните маски веќе не се задолжителни

Сподели со своите пријатели

Владата на Црна Гора донесе одлука за укинување на обврската за носење заштитни маски, согласно актуелната епидемиолошка состојба.

Loading...

Сегашните мерки важат во наредните 14 дена.

„Обврската за носење заштитни маски во државните органи, органите на државната управа, органите на управата, органите на локалната самоуправа, јавните установи и други субјекти кои вршат јавни овластувања во кои директно се даваат услуги на граѓаните, објекти каде што се врши трговија со храна (маркети, супермаркети, хипермаркети и сл.) вклучувајќи зелени пазари и затворени штандови и шалтери, затворени површини на аеродроми, железнички и автобуски станици, како и бензински пумпи“, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

И покрај поповолната епидемиолошка состојба, останува силната препорака за носење заштитни маски во затворени простори, како и на сите други места каде што е забележана поголема групација на луѓе.

„Оваа препорака особено се однесува на хронични пациенти, стари и имунокомпромитирани лица. Понатамошниот развој на епидемиолошката состојба може да влијае на изменување на постојните мерки“, се заклучува.