Црн сообраќаен биланс: Четири жртви меѓу кои и бебе на патот кон Кичево

Сподели со своите пријатели

Четврта жртва на тешката сообраќајка кај кичевското село Колари. Врз лицето кое било згрижено во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид била извршена реанимација и транспорт кон скопскиот Клинички центар, но на патот кон Скопје починало.

Loading...

Како што информираше денес МВР, вчера околу 18,00 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај с.Колари се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ„Волво“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Деар А.(1987) од с.Зајас-Кичево и ТМВ„Форд Конект 220“, управувано од В.А.(1984) од с.Горно Свиларе-Скопје.

Во незгодата на лице место починале сопатниците на ПМВ„Волво“ бебе и 3 годишно дете, а додека Деар А. и Амзи И.(1969) од с. Д.Свиларе-Скопје, кој бил сопатник во ТМВ, починале на пат кон болница., а со ТТП се здобила А.Х. (1989) и возачот од ТМВ В.А., по што истите се пренесени во УЦ-Скопје.

Увид на лице место извршиле ЈО и увидна екипа на ПС-Кичево. За време на вршење на увидот сообраќајот на наведениот патен правец се одвивал наизменично по една коловозна лента, а во 21,30 часот е нормализиран.

 

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.