Цреша секако спаѓаа меѓу омиленото овошје, а поред тоа е вкусна и полна со лековити својства. Единствената маана им е што сезоната трае кратко.
Црешите со векови во народот се познати како овошје на добар глас кое има многу лековити својства, а најновите истражувања тоа и го потврдуваат.
Често јадете помфрит? Подобро избегнувајте ја оваа лоша навика!
Тие се богати со антиоксиданси, па истражувањата покажаа дека поволно делуваат на превенција на срцевите заболувања. Добро влијаат и на здравјето на коските и намалување на болките.
Покрај антиоксидансите, за тоа се заслужни и флавоноидите со кои се богати црешите.
Се верува дека поради големото количество на антоцијанин ова овошје може да ги намали болките.
Исто така се верува дека 20 цреши имаат подобро делување од еден аспирин.
Поради големото количество на бор, магнезиум и калциум тие ги чуваат нашите коски, а поради големото количество на вода и малку калории помагаат за намалување на килограмите, а поради комбинацијата на антиејџинг оксиданси, влакната, витамините и минералите ја прочистуваат крвта и ја зголемуваат енергијата.
Седум невистини за храната во кои и натаму веруваме
Поред лековитоста на самиот плод и кошпицата, лековитите својства содржат и петелките. Од петелките може да се направи чај, кој го олеснува лачењето на урината и ги решава проблемите поврзани со камењата во бубрезите.
За чај е потребно да ставите една рака петелки во литар зовриена вода и оставете да зоврие две минути, а потоа да поседи околу 15 минути. После, исцедениот и изладениот чај се пие во мали голтки во текот на денот.