ЦЈЗ бара 24-часовно известување за да се превенираат заразни болести на Табановце

Сподели со своите пријатели

По извештајот на Хелсиншкиот комитет дека состојбата во бегалските кампови е алармантна, црвениот аларм го вклучија и од Центарот за јавно здравје Куманово.

Според извештајот на Регионалниот центар за управување со кризи, ЦЗЈ Куманово побарува од страна на Црвениот Крст да им се достави извештај за појава на заразна болест шуга, т.е. дали досега има или нема констатирани случаи на оваа заразна болест.Во случај екипите на Црвен Крст да имаат констатирано појава на шуга, Центарот за јавно здравје инсистира и бара нивно болничко третирање заради спречување на епидемија, а со тоа и дезинфицирања на трите шатори во рамките на Транзитниот центар Табановце.

Центарот за јавно здравје од Министерството за труд и социјална политика, исто така побарале 24-часовно информирање за пристигнување на возови од Гевгелија заради навремено дезинфицирање на сите транспортни средства, а за таа намена воспоставиле и оперативна линија која ќе биде достапна во секој момент од денот.

Исто така ЦЈЗ Куманово, од МТСП побарале о достава на имиња на нововработени како и бројчана состојба, заради спроведувања на вакцинација од црвен тифус, стои во дневниот извештај на РЦУК.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.