Цивилите почнаа да го напуштаат украинскиот град Суми

Сподели со своите пријатели

Цивилите денеска почнаа да го напуштаат украинскиот град Суми по хуманитарен коридор по локалниот договор за прекин на огнот, изјави регионалниот гувернер.

Loading...

Неколку илјади луѓе го напуштија опколениот град оваа недела по договорот со Русија чија агресија против Украина започна пред две недели.

 

ХОРОР: Ова се сателитски снимки од Мариупол по бомбардирањето

 

Жителите ги напуштаат и блиските населби Краснопоље и Тростианец, рече регионалниот гувернер Дмитро Живицки.

Украина денеска отвора седум хуманитарни коридори за цивилите да можат да ги напуштат градовите под опсада на руските сили, вклучително и јужното пристаниште Мариупол, изјави вицепремиерката Ирина Верешчук.

 

Loading...

Три жртви во породилиштето во Мариупол, меѓу кои и едно дете

 

Повеќе од десет илјади луѓе беа евакуирани вчера од селата и градовите околу Киев, изјави регионалниот гувернер на Киев Олексиј Кулеба.