ЦИВИЛ во Куманово организира “вести на улица” отворени за учество на граѓаните

Сподели со своите пријатели

ЦИВИЛ – Центар за слобода во рамки на проектот „Слободни избори за слободни граѓан(к)и“ организира јавен настан „Сите за слободни избори“ во Куманово, на 22 декември, од 16:30 до 18:00 на градскиот плоштад.

ЦИВИЛ во оваа прилика има подготвено видео содржини и печатен материјал за настанот во Куманово.

Сите свесни и слободољубиви граѓанки и граѓани се повикани да гледаат вести во живо во продукција на ЦИВИЛ Медиа. Посетителите ќе можат да учествуваат и во фото – петицијата за поддршка на слободните избори, а микрофонот ќе отворен за сите што сакаат да споделат информации и ставови.

ЦИВИЛ ги поканува сите заинтересирани граѓани да ги проследат вестите на улица („STREET MEDIA“) и да дадат свој придонес во објективното, професионално и навремено информирање на граѓанките и граѓаните во Куманово.